еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп вкупно 100 заразени од коронавирусот

Со денешните 11 регистрирани случаи, вкупната бројка на заболени од коронавирусот во Прилеп е веќе трицифрена и достигна 100 инфицирани лица, а досега има и три смртни случаи.

Апелите за заштита и седење дома се интензивираа денеска по седницата на Кризниот штаб.

Според епидемиологот од приeпскиот центар за јавно здравје, Татијана Мургоска Станимировиќ, бројот на инфцирани заболени здравствени работници е осум, а 30 се под здравствен надзор.

Од вчера има и едно лице заболено од прилепската полиција.

-Од вкупно заболените 100 лица, 77 се на домашно, а 23 на болничко лекување.

Во Инфективното одделение од градската болница се 18 лица, од кои три се сомнителни и се очекуваат резултати од земените брисеви.

Во однос на заболените осум здравствени работници, а под здравствен надзор се 30. Сите кои се под здравствен надзор ќе бидат тестирани.

Во текот на изминативе два дена, тестиравме здравствени работници од Итната медицинска помош и од Интерното одделение, а до крајот на оваа недела планираме другите здравствени работници на кои надзорот им истекува овие три дена (тројца од Интерното одделение и седум од одделението за дијализа) ќе бидат тестирани, истакна Станимировиќ.

Таа информираше дека од вчера има регистрирано и едно лице заразено од вирусот од прилепската полиција, а блиските контакти од денеска се во домашна изолација.

Во моментов во Прилеп во самоизолација се 422 лица. Во изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

На денешната седница Општинскиот кризен штаб донесе заклучоци со кои е констатирано дека асистенцијата на Армијата пред маркетите, банките ја подобри ситуацијата, а викендот ќе се дезинфицираат улиците, јавните површини, парковите, влезовите во зградите, нагласи прилепскиот градоачалник Илија Јованоски.

–Во најголем дел, решен е проблемот со турканиците пред банките, големите маркети, градскиот пазар. Меѓутоа сѐ уште, за жал, се прават гужви пред маалските продавници во одредени населби во градот.

Апелирам до сопствениците на дуќаните и до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за одржување физичко растојание од минимум два метри и да носат заштитини маски.

Денеска ќе се чистат сите улици во градот, а во текот на утрешниот ден и во сабота, ќе се дезинфицираат сите улици, јавни површини, паркови, влезови на згради, рече Јованоски.

Локалните власти обезбедиле 60.000 заштитни маски, од кои голем дел ќе бидат поделени во текот на утрешниот ден.

Волонтерите ќе бидат во сите делови на градот, и ќе им делат заштитни маски на граѓаните пред поголемите маркети, пиљарите, месарниците, градскиот пазар, секаде онаму каде се очекува поголемо присуство на граѓаните.

Јованоски го повтори апелот за седење дома, а доколку е потребно од кои било причини граѓаните да излезат, да носат заштитни маски и да одржуваат физичко растојание.

Искушенијата што нè снајдоа нека ни бидат за заврстување на верата и за духовно напредување.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Детален преглед: Во 21 град во Македонија заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го прими известувањето за оставката на Заев

Редакција

(Фото) Теута Арифи се вакцинираше со „Синофарм“

Редакција

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“

Редакција