еМагазин
Image default
Македонија

Во прилепската болница хоспитализирани 60. пациенти, недостига медицински персонал

Во Прилепската градска болница, во Инфективното и во ковид-центрите моментално се хоспитализирани околу 60 пациенти. Проблем е недостатокот на медицински персонал, особено на медицински сестри.

-Половината од пациентите се на Инфективното одделение, дел во Ковид-центарот – во Одделението за уво, нос и грло во болницата, а дел има во Очното одделение кое функционира како Ковид-центар.

Од нив, 20-ина се на кислородна поддршка, изјави директорот на болницата, Драган Богоески.

Додаде дека дел од персоналот е позитивен на вирусот и оти недостигаат болничари и медицински сестри.

– Денес успеавме да најдеме кандидати кои сами се пријавуваа. Останува проблемот со медицинските сестри. Но, во моментов се на располагање оние кои немаат доволно работно искуство, но мора да ги ангажираме.

Вклучен е целиот медицински персонал од сите одделенија во болницата. Имаме доста персонал кој е болен или позитивен на Ковид-19 и тоа во голема мера многу ни ја отежнува работата, истакна Богоески.

Од 20-та специјализанти кои се очекувале на помош, се вратиле 15-ина и сите ќе бидат ангажирани.

-Сите специјализанти ќе бидат ангажирани во одделенијата кои се Ковид-центри – во одделението за уво, нос и грло, на очното и на интерното оддление, според распоред. Дел од нив ќе бидат ангажирани во инфективното одделение каде е многу зголемен обемот на работа, вели Богоески.

Тој не знае кога ќе стигнат брзите тестови, но апелира граѓаните кои немаат симптоми, иако имаат член од семејството позитивен на Ковид-19, да не брзаат да се тестираат.

-Тестирањето не обезбедува лекување. Најмногу им е потребно на оние кои имаат тешки симптоми. Не знаеме кога ќе ги добиеме брзите тестови, ама важно е да им излеземе во пресрет на сите кои имаат компликации, вели Богоески.

Според Богоески, сите одделенија во прилепската градска болница нормално функционираат и не се запоставуваат тековните пациенти.

МИА/Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари

Редакција

Кривична за 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието

Редакција