еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во септември за 50 денари пораснала синдикалната потрошувачка кошница

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август.

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошница, во септември минималните трошоци изнесувале 34.393 денари, што во споредба со август претставува зголемување за 51 денари.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам со вредност од 6.000 денари

Редакција

Доматите и краставиците ќе поскапат, ќе се ревидираат замрзнатите цени на 11-те видови овошје и зеленчук  

Редакција

Рабатот за маркетите од 30 – 40 ќе се намалува на 10%

Редакција