еМагазин
Image default
Македонија

Во штипската градинка „Астибо“ се вратија 12 деца кои беа во изолација

Групата од 12 деца која беше во изолација денеска се врати во централниот објект на градинката „Астибо“ во Штип.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека во изолација заминале откако кај воспитувачка беше потврден позитивен тест на коронавирусот.

-Од денес дечињата се вратени во градинка, поминат е периодот на изолација, други проблеми немаме. Функционираме нормално, вели Трајчевска.

Во рамките на овој објект во градинката „Астибо“ функционира и сензорната соба, во којашто со децата работи и дефектолог. Потреба за неа минатата година имале 20 деца од општините Штип и Карбинци.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само 24% од граѓаните се за промена на Уставот за внесување на бугарското малцинство

Редакција

Починаа уште четири лица од корона вирусот, двајца надвор од болница

Редакција

Во ИЈЗ исклучен од струја фрижидер и комора во кои се чуват реагенси, директорката се сонмева на саботажа

Редакција