еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија

Шеесет и двегодишна жена од Сојузна Република Германија е загинатата личност во тешката сообраќајка што вчера се случи на автопатот Неготино – Демир Капија, информираше за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Вчера во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Самарџиев за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина, три други се повредени во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.635: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Со „Опел Фронтера“ сакал да прегази вработени во „Национални шуми“

Редакција

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување на рокот за кризна состојба со топлинска енергија во Град Скопје

Редакција