еМагазин
Image default
Македонија

Во среда ќе биде потпишан пристапниот Протокол за влез на Македонија во НАТО

Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 февруари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија, информираат од Владата.

“Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Изборите не претставуваат ризик по граѓаните, ако се организираат по протокол

Редакција

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Редакција

Министерката Петровска го тужи пратеникот Ковачки, судењето на 30. ноември

Редакција