еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица.

Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот.

МИА во петокот, на 6 октомври информираше дека има голем пожар на планината Серта и гори нискостеблеста шума во непристапен планински терен.

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекувањето на младиот Никола во Турција тече според протокол, во меѓувреме доби работа во Општина Гази Баба

Редакција

Одговор „тежок и во корист на Русија“: Захарова со закани кон земјите кои протераа руски дипломати

Редакција

(Видео) Пендаровски во Њујорк ја одликуваше со орден Организацијата на ОН за подршката по скопскиот земјотрес

Редакција