еМагазин
Image default
Локално

Во Тетово годинава изречени 860 казни за нерегистрирани возила и за 1.118 лица без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера спроведе засилена контрола дали возилата на подрачјето се регистрирани и дали возачите располагаат со соодветна возачка дозвола, при што се санкционирани пет лица без возачки дозволи и четири возачи со нерегистрирани возила.

Воедно одделението за аналитика бележи дека заклучно со денеска во 2020 година се изречени над 2.000 казни.

-Годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје откриени и вкупно санкционирани се 646 возила со истечена регистрација над и 177 до 30 дена, како и 37 возила кои воопшто не биле регистрирани.

Во овој период, исто така, санкционирани се и 1.118 лица без возачка дозвола и 59 со несоодветна дозвола за возилата кои ги управувале, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Предвидени се парични глоби од 300 евра во денарска противвредност за непоседување дозвола и до 500 евра за истечена регистрација повеќе од 30 дена.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во масовна тепачка во ромскиот дел на Злокуќани повредени неколку лица: Детали од МВР

Редакција

Скопјанец тепал сограѓанин поради должничко-доверителски односи

Редакција

Приведени двајца Кинези, Бугарин и Македонец за царинска измама

Редакција