При извршена контрола во угостителски објект во село Чегране, пронајдена е мини зоолошка градина со диви животни за кои сопственикот не поседувал документи, информира Министерството за внатрешни работи.
– Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во село Чегране.
При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи, велат од МВР.
По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.