еМагазин
Image default
Македонија

Во Велешката болница од Ковид-19 почина 75-годишна пациентка

Во Општата болница Велес хоспитализирани се 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни на Ковид-19, непотврдени се двајца, негативни 16, но тие болнички се лекуваат се уште поради влошена здравствена состојба.

На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Утрово почина пациентка на 75 -годишна возраст од Велес, лекувана четири дена на Инфективното одделение. На ова одделение има 35 пациенти, на Физикална четири.

На двете ковид-одделенија има слободни места. Интерно Б крак има седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид-19. Испишани се и пет оздравени пациенти.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовановиќ за најавите на Левица дека ќе тужи: „Ако мислите среде криза да блокирате институции, вие сте за „риалити шоу““

Редакција

Драстичен раст: 342 лица до 19 години заразени со корона вирусот

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Редакција