еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во велешката касарна пронајден починат 59 годишен гевгеличанец вработен во армијата

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат 59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На продажба уште три станови и гаража на Мијалков проценети на 330 илјади евра

Редакција

Според професорот Људмил Спасов со едностраната изјава за македонскиот јазик нема откажување од дијалектите

Редакција

Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Редакција