еМагазин
Image default
Бизнис

Во вториот квартал девизните резерви зголемени за 94,5 милиони евра

Народната банка соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра.

Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.

Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем скок: Просечната нето плата во јануари 27.540 денари

Редакција

„Тежок“ тендер: Кој ќе ја снабдува СОЗР на Владата со мобилна и фиксна телефонија?

Редакција

Смени во Надзорниот одбор на М-НАВ: Алими на местото на Михајлоски

Редакција