еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во земјата во која полицајки „се удираат“ од пајак: Не чистете отпушоци, може да ве уапсат

Ќе ја приведеа ли полицајците актерката Ирена Ристиќ доколку знаеја дека таа самоиницијативно спроведува акција за чистење на државата, во која пред извесен период на пример беа собрани 97 вреќи отпад од излетничкото место Марков манастир или пак доколку беше висок владин функционер е прашање кое заслужува внимание посебно ако се земат предвид различните аршини по кои се однесуваат полицајците кон различни личности.

Најдобар пример за тоа е неодамнешниот случај со партискиот функционер на ДУИ Беќир Асани кој откако пајак требаше да му го крене непрописно паркираното возило „и се развикал“ на полицајката пред Т.Ц. „Мавровка“ по што таа сама се удрила во „пајак“ возилото.

Асани ниту беше уапсен за недолично однесување кон службени лица, ниту пак спроведен во Бардовци.

Секој понатамошен коментар е одвишен со оглед на тоа што овие два случаи јасно покажуваат двојни аршини во работата на полицијата и воопшто на функционирањето на правната држава.

Најмалку што може да направи Владата јавно да и се извини на Ристиќ, макар била и камен пијана додека чистела пред зградата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Ристиќ за приведувањето: Ме развозуваа од Беко до Бардовци, тормозеа и пцуеа

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

„Твитер“ коментари за Ристиќ: Па и да била пијана, кој нормален може да се соочи со трезна глава со сите ваши/наши ѓубриња?

Од МВР на Ристиќ и порачаа дека може да пријави насилство од полицајците

Фото: Фејсбук/Ристиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ прославува 11 години на македонскиот пазар: Превезени над девет милиони патници и во моментов со 36 линии

Редакција

Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на Бошко

Редакција

Унгарија е последна: Кои земји не го ратификувале протоколот за членство на Македонија во НАТО?

Редакција