еМагазин
Image default
Локално

Водата во Дојранско езеро безбедна за капење

Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека истата е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето, информира градоначалникот Анго Ангов на Фејсбук.

“Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.

Резултатите од испитувањата на езерската вода се сосема исти со минатата година, односно, резултатите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Во текот на летниот период неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.“, вели Ангов.

Фото: Фејсбук/Ангов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружение „Стар Лагадин“: Очекуваме рушење на хотелскиот комплекс

Редакција

Две лица и малолетничка тешко повредени, при пукање на свадба во кичевско Бачишта

Редакција

Кривична пријава за бесправно градење во Бутел на парцела од 11.042 квадрати

Редакција