еМагазин
Image default
Забава

Водителката Елена Стефановска ќе го тужи колегата Сергеј Варошлија

„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“. Со овој статус на својот Фејсбук-профил Елена Стефановска, водителка на емисијата „Живот со стил“ на 24 ТВ најави тужба против Сергеј Варошлија и 1ТВ, а заради тоа што била предмет на потсмев во емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“

Таа претходно поднела претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од каде по извршениот надзор се констатирани неправилности.

„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди“.

Фото:Фејсбук/Елена Стефановска/Сергеј Варошлија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Работи за кои не зборуваме“: Се бараат животни искуства за инспирација на нова театарска претстава

Редакција

(Видео) Најдобрите моменти од црвениот тепих на отварањето на „Берлинале“

Редакција

Специјални музички миксови и „ПМГ си ти“ – настан за роденденот на Мирко Попов

Редакција