Министерство за здравство најави вонреден инспекциски надзор во битолската болница по смртта на шестгодишната Јана Христовска, за која нејзиниот татко вели дека починала откако и ставиле инфузија, а таа имала шеќер 9.
Обдукцијата на телото завршила, и се утврдуваат причините за смртта.
„Откако истече инфузијата ситуацијата почна да се влошува. Го мерат пак шеќерот, тој 19 и се обидуваат втора инфузија да стават. Арно ама не можат вена да му најдат на чупето. Кај што ќе мавнеле со иглата избивала крв. Од тогаш се комплицираат работите. Ја пренесоа во друга сала, тука од карши кај што има кислород и такви работи.
Ми се јави по телефон сопругата и ми вели – влегувај, лоша е ситуацијата, се искомплицира, исплашена. Влегов, седеше внатре на едно столче, јас стоев сѐ се гледаше преку стаклата. Викнаа од ансетезиолозите, ѝ ставија нешто и се поткрена малку. Ја прашаа како се вика, рече Јана, сѐ се слушаше и ја гледавме. Имаше наредено штипчиња за срцето да го следат, за пулсот, кислород…
Се поврати чупето, си заминаа анестезилозите што беа. По пет до десет минути чупето пак почна да се губи. Тука веќе настана хаос. Ѕвонеа пак по телефони да дојдат анестезиолозите, една чистачка што беше тука ја пуштаа некаде, кажуваа оди земи ова, таа оди се враќа вели нема клуч, не знам каде е клучот.
Веќе тука беше крајно. Јас гледав преку стаклото. Пробаа со електрошокови, со масажи на градите за да ја вратат, но ништо. Многумина беа тука собрани, не можев убаво да гледам. Можеби имаше пет-шестмина доктори, медицински персонал.
Тука веќе ми беше јасно, ја ставија на еден кревет за да не ја носат на интензивна горе, тоа е на вториот кат, ама веќе се гледаше дека чупето нема знаци на живот. Ја масираа по градите ама тоа беше само колку да не ни кажат тука,“ раскажа таткото на Јана, Стојче Христовски за Макфакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестгодишно девојче починало додека примало инфузија во болницата во Битола
Фото: МЗ