еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачот на комбето со кој се возеше заразената, од домашна префрлен во изолација во струмичката болница се пожалил на сомнителни симптоми

Возачот на комбето, кој ја превезуваше патничката од Италија која е позитивна на корона вирусот и која се лекува на Инфективната клиника се пожалил на одредени сомнителни симптоми, и тој од домашна е префрлен во болничка изолација на струмичката болница, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој е тестиран на корона вирус и ако резултатите се покажат позитивни ќе биде префрлен на скопската Инфективна клиника.

Според информациите од Филипче, тој при пристигнувањето во државата немал никаков контак со никого, бидејќи ги следел препораките прочитани во медиумите.

Другите патници кои се во домашна изолација се во добра здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Инфективна за корона вирус се тестира лице од Струмица, двајца Бугари во Битола во изолација

И прилепскиот карневал „Прочка 2020“ се откажува поради корона вирусот

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

Редакција

Хазби Лика доаѓа на работа, не е редовен на седници на Владата

Редакција

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една недела

Редакција