еМагазин
Image default
Локално

Возило украдено на Косово пронајдено во Горно Количани

Во село Горно Количани полицијата го пронашла патничкото моторно возило „опел инсигнија“, сопственост на рент а кар фирма од Приштина, за кое било добиено известување од Интерпол дека на 30.10.2020 во Лебане, Косово е извршено кривично дело одземање на патничкото моторно возило.

„Преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје, Одделот за криминалистичка полиција, ЕБР и ОСОСК. При претрес во село Горно Количани, возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот“, соопштија денеска од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сообраќајката во која загина 17-годишно момче осомничен возачот на автобус на ЈСП

Редакција

Автобусот на ЈСП која сообраќаше до „Македонско село“ повеќе нема да вози до таму

Редакција

Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време

Редакција