Јавноста во Босна и Херцеговина, но и на Балканот е шокирана од видеото кое го објави порталот „Поглед.ба“, за кое се вели дека е снимено во Мостар, а на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат човек пред влез на зграда.
Од порталот пишуваат дека видеото е направено викендов, а човекот наводно го прекршил полицискиот час.
По тепањето, тој бил однесен во Полициското одделение Мостар, каде му била изречена казна за кршење на полицискиот час.
Откако потоа му се слошило дома, човекот сам се пријавил во болницата во Мостар каде му биле утврдени повредите.
Фото/видео: Pogled Ba
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.