Тара Фарес (22), борец за слобода и права, инстаграм-ѕвезда во Ирак, со скоро три милиони следбеници и поранешна мис на Багдад, е убиена на улица во Багдад.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека отворило истрага за убиството на Тара.
Нејзиното тело било однесено во болница во Багдад, а лекарите за локалните медиуми рекле дека починала откако била погодена со три куршуми.
Таа е убиена само неколку дена по убиството на Суад ал-Али, ирачка активистка за човекови права, која беше застрелана и убиена во нејзиниот автомобил во јужниот град Басра.
Минатиот месец пак беа убиени две познати жени од козметичката индустрија во Ирак.
Фото: Инстаграм/Фарес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.