еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во Мал групен дом во Кавадарци позитивна на Ковид-19

Една вработена во Мал групен дом во Кавадарци  е позитивна на коронавирусот, поради што во изолација се две деца и тројца вработени. Во домот ќе биде извршена комплетна дезинфекција.

Во последните 24 часа се регистрирани нови девет случаи со коронавирусот, шест во Кавадарци и три во Неготино. Тие се на возраст од 16 до 62 години, од двата пола.

Некои имале симптоми, а некои не. Двајца претходно имале контакт со заболено лице, останатите не знаеле каде се заразиле. Се утврдуваат контактите на заболените, со цел нивна изолација.

Во Кавадарци е регистриран и трет случај на починато лице со коронавирусот. Во најновиот случај станува збор за 56 годишен кавадарчанец кој починал на приватна клиника во Скопје.

МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во еден ден Собранието усвоило рекордни 52 закони

Редакција

Осман Шабани ќе го води случајот „Талир“ на СЈО

Редакција

Ковачевски пред пратениците: Да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите

Редакција