еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

По појавата на салмонела, времено затворени кујните во шест училишта во скопски Карпош

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор поради појава на салмонела ги затвори училишните кујни на училиштата „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“, како и централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти, информираат од таму.

Забраната за работа на училишните кујни ќе важи до отстранување на наложените санитарно – хигиенски и противепидемиски мерки.

„Заклучно со вчера, според добиениот податок од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје пријавени се вкупно 12 ученици со симтоми – стомачни тегоби и покачена телесна температура со докажан причинител – бактерија салмонела.

Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение, времено се затворени кујните во сите шест посетени основни училишта, како централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти,“ велат од таму.

Забраната за работа на училишните кујни, како што се додава, ќе важи до отстранување на наложените санитарно – хигиенски и противепидемиски мерки, што опфаќаат генерално механичко чистење на просторот и опремата, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена установа како и до добивање на негативни резултати од земените брисеви од работните површини и опремата.

„Постапувањето по добиените резултати од земените примероци храна, е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е во постојана комуникација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, кој ја следи епидемиолошката состојба на терен,“ појаснуваат од таму.

Претходниот ден, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ „Ванила фуд“ – ДООЕЛ Скопје, од каде се снабдуваат со прехранбени продукти, кујните во училиштата на територија на Општина Карпош, како и во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“, по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје – одделение за епидемиолгија, за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во општина Карпош со дијагноза салмонела.

“Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ, земени се брисеви од работни површини и опрема, како и брисеви од жива средина – брис од грло и нос и копрокултура на вработени лица во посетените објекти, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните„, велат од ДСЗИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет деца заразени со салмонела во скопски Карпош, затворени кујните во три училишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната од Украина: Анализа на Гардијан

Редакција

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Редакција

Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Редакција