еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно со слаб ветер

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени -7 степени, во Маврово е -4, Крушево, Дебар и Охрид -2, во Тетово -1.

На другите места температурата е над нулата, во Скопје 4, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени.

Снежна покривка има само на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повеќе облачност во источните делови. Утринава е умерено до значително облачно со слаб ветер од северен и североисточен правец.

Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За продолжениот викенд облачно време со северен ветер

Редакција

(Фото) Паричката во семејството на Мицкоски кај синот Јован

Редакција

Деца раѓаат деца: Регистрирани 20 случаи на мајки под 15 години

Редакција