еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховниот суд ги одби барањата на осудените за „27 април“ повторно да им се суди

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје 2021 година за предметот „27 април“.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани, стои во соопштението од Врховен.

За упадот во Собранието на 27 април 2017 година беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок, 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Редакција

(Фото) Кои министри имаат највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција

Каков имот пријавил Александар Даштевски, претседателот на ДИК, за кого Антикорупциска отвори предмет

Редакција