еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Детето вежбало стрелање: Уапсен е таткото, пиштолот бил со легална дозвола и бил чуван во сеф

Српскиот министер за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, попладнево изјави дека таткото на момчето, кое е осомничено дека пукало во училиштето, е уапсен и дека тој имал дозвола за поседување на двата пиштола, пренесе Бета.

-Таткото кажа дека пиштолите биле заклучени во сеф со шифра, но дека момчето очигледно ја знаело шифрата, рече Гашиќ на прес-конференција во зградата на Владата.

Тој изјавил дека момчето вежбало гаѓање на стрелиште.

Според важечките закони во Србија, децата помлади од 14 години не можат кривично да одговараат, што значи дека не можат да бидат казнети за незаконско дело, односно не може да им се изрече кривична санкција, изјави адвокатот Владимир Тупањац за Бета.

-Следствено, водењето на кривичната постапка станува беспредметно, што значи дека тие не можат да бидат ниту приведени, ниту притворени. Останува само граѓанско правната одговорност на училиштето и евентуално на родителите на момчето за надомест на штета на семејствата на починатите, откако ќе бидат утврдени сите околности на случајот, рече Тупањац.

Тој додаде дека кога надлежните органи ќе утврдат како детето го добило оружјето и кому навистина му припаѓа оружјето, веројатно може да има одговорност на оној кој не го обезбедил правилно оружјето и на тој начин да му го стави на располагање на детето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од српско МВР: Ученикот подолго време го планирал нападот, имал список на деца за убивање

Во Србија прогласена тридневна жалост

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шумски пожар беснее над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

Редакција

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

Редакција

(Фото) Докторите и се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Редакција