Елитниот семинар кој секоја година е организиран од страна на „Лајконет“ (Lyconet) е еден од најважните настани во годината за илјадници членови на компанијата, чиј датум одамна го имаат означено во својот календар. Но, што всушност се случува на овие настани?
Традиционално секоја година „Лајконет“ (Lyconet) организира ексклузивни семинари од огромни размери на кои присуствуваат и по 65.000 маркетери на компанијата од целиот свет, со цел да ги слушнат најдобрите совети од најпрестижните светски познати мотивациски говорници. „Елит“ семинарите се одржуваат на ексклузивни локации како Холивуд, Мајами, Краков, Прага, Турин итн., а секоја година учество земаат и звучни имиња од светот на шоу бизнисот, меѓу кои и светски познатата ѕвезда Питбул.
Оваа година настанот се одржува од 25 до 27 јуни, а исто како и минатата, и оваа година домаќин ќе биде градот Гелзенкирхeн во Германија. Главни спикери на годинешното издание на „Елит“ семинарот ќе бидат мега-популарни имиња како Тони Робинс, најплатениот и број 1 мотивациски говорник, автор и филантроп; Ерик Вори, кој е водечки авторитет во обучување „нетворк маркетинг“ професионалци и Арнолд Шварценегер, кој покрај тоа што е добро познат холивудски актер, етаблиран е и како успешен мотивациски говорник.
Покрај возбудливите презентации на звучните имиња, во агендата е вклучена и церемонија за доделување награди за најуспешните маркетери, но и забави на ексклузивни локации во вечерните часови.
Присутните „Лајконет“ (Lyconet) маркетери од целиот свет, првиот ден на годинешниот настан ќе имаат прилика да ги чујат клучните точки на „нетворк маркетингот“ заедно со Ерик Вори, кој ќе ги поттикне сите присутни да ги постигнат своите цели со упорност и страст.
Првиот ден дополнително ќе биде посветен и во чест на стотици успешни маркетери на кои Хуберт Фрајдл, основачот на „Лајконет“ (Lyconet), ќе им додели почесни признанија за нивните лични успеси и достигнувања како маркетери во рамки на компанијата.
За вториот ден се предвидени одлични предавања на теми како ефикасно да се напредува во кариерата со помош на „нетворк маркетингот“, а модератор и тренер повторно ќе биде Ерик Вори, заедно со останати специјални гости кои ќе бидат задолжени да ги откријат токму овие тајни на успехот. Исто така вториот ден е предвиден и за промоција и истакнување на најновите иновации, производи и услуги во светот на „Лајконет“.
Последниот ден од елитниот семинар носи уште еден одличен мотивациски дел на кој основачот и визионер Хуберт Фрајдл ќе го сподели своето лично искуство, а воедно ќе даде и совршен поттик како маркетерите да ја однесат својата кариера до следното ниво.
Настапите на спектакуларните Арнолд Шварценегер и Тони Робинс дополнително ќе бидат објавени со целосната агенда на настанот, а сите реализирани семинари досега, како и сите новости врзани за годинешниот семинар може да се погледнат на веб страната www.lyconet-elite-seminar.com/en.
Инаку, на овие настани освен тоа што се споделуваат најновите новости со публиката од страна на престижни говорници, исто така се откриваат и вредни „инсајдерски“ информации за тоа како еден маркетер на „Лајконет“ (Lyconet) може да воспостави успешна кариера за свој личен успех.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА