еМагазин
Image default
Да помогнеме

Втора хуманитарна акција на инфлуенсерот Кристијан Станковски – Бомбакис

Спроведувањето на хуманитарната акција #ИЈасСумДете стана традиција за популарниот македонски инфлуенсер Кристијан Станковски – Бомбакис.

Хуманитарната акција #ИЈасСумДете за првпат беше организирана од Бомбакис минатата година. Оваа година тој продолжи да ја негува традицијата и повторно ја организираше новогодишната акција со цел да ги израдува децата од ранлива категорија со новогодишно пакетче.

Пред извесно време, Бомбакис испрати повик до сите компании што сакаат да бидат хумани, да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес за да бидат израдувани што повеќе дечиња кои сега, во периодот пред новогодишните празници, навистина имаат голема потреба од тоа.

Финтек компанијата Credissimo, која веќе ја знаеме како општествено одговорна компанија, повторно докажа дека е секогаш отворена за соработка прифаќајќи ја поканата за учество во проектот и донирајќи 150 новогодишни пакетчиња на деца од ранлива категорија.

Оваа компанија нека послужи како пример и мотив во хуманитарната акција на Бомбакис #ИЈасСумДете да се вклучат и други компании, да направат хумано дело со кое ќе измамат повеќе искрени детски насмевки и огромна радост во детските срца. И тие деца навистина имаат потреба да ја почувствуваат празничната магија.

Собраните пакетчиња од сите компании ќе бидат поделени низ целата држава.

По повод доделувањето на пакетчињата, планирани се два настана во Скопје – едниот на 19.12.2021 година во населба Аеродром и другиот на 26.12.2021 година на плоштад Македонија.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) 12 годишно девојче кое боледува од тумор на малиот мозок живее во тешки услови во Трубарево

Редакција

Вклучете се: Хуманитарна акција за настраданите во пожарите во Грција во Нано бар

Петре Димитров

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на 39-годишниот Марјан Додевски да замине на лекувањe во Турција

Редакција