еМагазин
Македонија

Второто полугодие од утре продолжува онлајн

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска на состанокот со претставниците на Сојузот на средношколци, разговараа за почетокот на второт полугодие и под какви околности ќе се одвива наставата, информираат од Министерството за здравство.

Наставата во второт полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега.

И во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

-Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат, вели Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10.386 граѓани примиле трета доза на вакцина

Редакција

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Нови 327 случаи на Ковид-19, од 2.740 тестирања

Редакција