еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

When In Krusevo – синоним за хуманост и летна адреналинска авантура

Единствениот планински град во Македонија, Крушево, осма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој на едно место обединува хуманост, музика, спорт и култура!

Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 5 до 7. јули. Ветуваме позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов!

Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски актракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина, а од оваа година во фокус ќе е инклузијата на социјално ранливите категории на граѓани во Крушево.

Фестивалот започнува во предвечерието на 5 Јули, со пријавување и подигање на пакет со маичка, дизајнирана од Зоран Кардула со посвета на онии најранливите, и производи од спонзорите.

Официјалното отварање започнува истиот ден со забава во Градскиот парк со Babura junior, додека наредните денови музичката програма ќе ја надополнат  ДНК, Cyrillic, DJ Bapchu, Estephano, Totsilly, Bono. Целоснота програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

Имаjќи предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во нашиот фестивал го вклучивме и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, адреналински парк, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри.

Гурманите пак, ќе може да уживаат во дегустацијата на локалните специјалитети на саемот за храна и пијалоци кој ќе се одржи во недела, во склоп на  инклузивниот настан за подигање на свеста за социјално ранливите категории кој ќе се одржи благодарение на новите поддржувачи на фестивалот, оние со големо срце и душа кои несебично застанаа позади нашата идеја.

Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и нема возрасна граница, но има љубов и интересни содржини за секој посетител, истиот претставува силен магнет како за професиналните спортисти и љубителите на адреналински спортови така за уживателите на забави. Но, со се она што го нуди може да го окарактеризираме и како фамилијарен фестивал. Затоа, не ги заборавивме и најмладите и за нив спремивме детско катче на Крушевското езеро и во Градскиот парк со денска забава, јога и многу детски игри.

Затоа што заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп зона на Крушевското езеро со сите потребни услови, додека оние кои ќе се одлучат за приватните и хотелските сместувачки капацитети, истите може да ги погледнат нашите соработници на веб страната www.wheninkrusevo.mk.

Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Никола Мартиновски.

Но, споменавме дека оваа година фестивалот има и хуманитарен карактер, и од секоја продадена онлајн карта одвојуваме 100 денари за најмалку едно социјално ранливо семејство од нашиот град.

Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 600 денари и истата може да ја купите на продажната мрежа на MK Tickets.

Сите подетални информации за фестивалот можете да ги следите на нашата Facebook страна.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новозаболените од коронавирусот во Скопје се заразиле на сеемен настан

Редакција

Доктор Калчовска: За прележаните од Ковид-19 неопходна е физикална рехабилитација, поради намалена кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност

Редакција

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга позитивни на корона вирусот

Редакција