еМагазин
Image default
Балкан

За 40 евра лажни тестови за Ковид-19 на бугарско-грчката граница

Грчката телевизија „Мега“ објави дека во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажирани тестови за Ковид-19, кои се продавале за цена од 30 до 40 евра.

Тестовите за Ковид-19 на овој граничен премин од денеска се задолжителни, а истите треба да бидат направени 72 часа пред патување во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата.

Според телевизијата, интензивната контрола извршена на граничниот премин Промахонас во последните неколку дена покажала дека постои група што продава лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата.

Станува збор за потврди кои покажуваат негативни резултати од тестот на коронавирусот.

Се работи за документи од неофицијални лаборатории, каде што името на пациентот се менува за парична надомест, а фалсификуваните тестови биле откриени од полицијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков и даде петка на Генчовска за францускиот предлог: Бугарските барања станаа европски

Редакција

Европол: Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 22 март

Редакција