еМагазин
Image default
Македонија

За една недела во Охрид 231 нови случаи на Ковид-19, во Струга 183, 15 во Дебар

Седмичниот извештај на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека од 14 до 20 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 231 лице од Охрид, 183 лица од Струга и 15 лица од Дебар.

Во Охрид има 575 активни случаи на коронавирусот, во Струга 364, а во Дебар 86.

Во односниот период оздравени се 132 лица од Охрид, 56 лица од Струга и 19 лица од Дебар.

Изминатата седмица се регистрирани девет смртни случаи поврзано со Ковид-19 од Охрид, петмина починати во Струга и еден од Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 2.969 лица во односните општини и тоа 1.330 лица во општините Охрид и Дебрца, 1.218 лица во општините Струга и Вевчани и 421 лице во општините Дебар и Центар Жупа.

Оздравени се 773 пациенти од Охрид, 783 од Струга и 316 пациенти од Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс досега е 153 починати и тоа 49 од Охридско, 85 од Струшко и 19 лица од Дебар и Центар Жупа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЕММ: Медиумите и фирмите што „глумат“ медиуми се наполнија со неквалитетен кадар, што не ги почитува новинарските стандарди

Редакција

Убава вест: Оздравени 330 болни од Ковид-19

Редакција

Заев: Бев свесен дека Груевски може да побегне уште кога ги објавив „бомбите“

Редакција