Благодарение на врнежите од снег и снег изминатите денови, нивото на Охридското Езеро постојано расте во просек по еден сантиметар на ден, така што денеска се наоѓа на котата 693.27 метри надморска височина.
Тоа е 17 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри надморска височина или 11 сантиметри под месечниот просек (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е осум степени, што е за еден степен повисока од просекот за овој месец.
Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.
Поради нискиот водостој на реките и езерата изминатиот период Владата донесе одлука да се стопира производството електрична енергија од посточеките хидропотенцијали во земјата.
МИА