За опасниот отпад кој што беше лоциран во село Орман, е отворена инспекциска постапка, информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и од Општината се на терен за лабораториско утврдување на точниот состав на отпадот, и согласно законскиот рок од 30 дена, потребно е отпадот да се дислоцира од таму.
„Повикан е сопственикот на земјиштето, кој не бил свесен дека на неговата локација се депонира ваков тип на отпад. Останува на институциите да преземат соодветни мерки за да го откријат и истиот тој отпад да биде дислоциран од таа локација“, посочи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
600 тони опасен отпад лоциран во близина на село Орман
Фото: Државен пазарен инспекторат
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.