еМагазин
Image default
Техно

За прв пат на пазарот: Телеком воведува тарифи со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација, информираа од компанијата.

„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет. Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секаде и да им овозможиме непречена комуникација.

Токму затоа, за прв пат на пазарот, ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет, кој може да се користи засекогаш “, изјави Бранко Станчев, главен комерцијален директор за приватни корисници.

Во Македонија, повеќе од 100 000 семејства користат Magenta 1, најдобриот пакет на интегрирани услуги, којшто постојано се надоградува и се прилагодува според очекувањата и потребите на корисниците. Со новата Magenta 1 Unlimited, оваа понуда добива дополнителна вредност и се очекува да биде најкористениот пакет на пазарот, велат од компанијата.

Нова и збогатена понуда со неограничен интернет добиваат и деловните корисници во Magenta 1 Business L.

Новогодишна промоција – неограничен мобилен интернет

Овие празници, најголем подарок е што сме повторно заедно. А за поголемо уживање и споделување на празничните моменти со најблиските, сите нови и постојни корисници на Magenta 1 M и Mobile M ќе можат да активираат неограничeн мобилен интернет за само 1 денар преку апликацијата TelekomMK и да го користат до 31 јануари 2022, велат од компанијата.

-Дополнително, корисниците на новите тарифи Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited можат да искористат и празничен бонус од 22 000 денари за нов смартфон или телевизор по одлична цена со Договор за Фамилијарен буџет.

Со празничната понуда, деловните корисници во Magenta 1 Business добиваат: неограничен интернет, цени намалени за 20% и атрактивен зголемен буџет, велат од компанијата.

Повеќе информации на www.telekom.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови Samsung домашни апарати базирани на вештачка интелигенција

Редакција

Galaxy Buds+: Променете го начинот на кој што го доживувате звукот

Редакција

Македонец од Прага претстави иновативна апликација – Тргување на берза преку фудбалски тимови

Редакција