Во текот на 2021 година до 30 ноември регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ/СИДА-инфекција, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци, стои во извештајот на ИЈЗ.
Четири лица починале во 2021 година.
-Половина од новодијагностицираните ХИВ-тестот го направиле во сервисите коишто нудат бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање и советување – во невладините организации и во рамките на институциите, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Табели: ИЈЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.