СДСМ смета дека случувањата со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка во кој беа инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се обид на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање на јавноста од улогата на партијата како осомничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.
„Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио. Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата „8- Септември“ е само уште една потврда за тоа.
Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот.
СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство.
Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа провокацијата, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Очекуваме, рече тој, сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.
-Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има, рече Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?
Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски
По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?
ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди