еМагазин
Image default
Бизнис

За шест месеци 121 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 524 милиони денари

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2021 година во Алкалоид АД Скопје изнесуваат 524.114 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Во периодот јануари-јуни 2021 година во Алкалоид се реализирани 121 нови вработувања во Р.С.Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија.

Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.

Групацијата Алкалоид брои 2.479 вработени, од кои 1.909 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид со раст на приходите и добивката во првите шест месеци од годинава

(Фото) Вицепремиерот Битиќи ја посети Алкалоид: Компанијата веќе 85 години поставува стандарди на успешно работење

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

Редакција

Бирото за развој на образованието купува возила за 1,2 милиони денари

Редакција

Во Македонија речиси да не се спроведуваат никакви „зелени“ набавки за заштита на животната средина

Редакција