еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За викенд времето стабилно, од среда повторно врнежи

За време на викендот и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Температурата утре ќе се движи од два до 10 степени наутро, а преку ден ќе достигне максимум 24 степени.

Идната недела најтопло ќе биде во вторник, 27 степени, додека другите денови дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера низ Македонија изгаснати 19 пожари, нема активни

Редакција

Проф.Трајковски: „Со вакцините, ризикот од смрт од Ковид-19 се намалува за цели 18 пати“

Редакција

Седма жртва од експлозијата во Романовце, почина 55-годишен маж

Редакција