Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста.
За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада.
-Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјава, изјави министерот Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање за повратницитре од Авганистан, Филипче рече дека се разговарало прво да биде задолжителен 14-дневен карантин, тоа ќе се предложи до Владата и утре ќе се дискутира и да се препорача вакцинација против Ковид-19.
МИА/Фото: Влада