еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија, не важи за Македонија

Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството кои секако, подвлече Николовски, ќе се донесат навреме.

– На моја иницијатива, денеска се одржа онлајн состанок со министрите за земјоделство од регионот. Министерот на Србија не присуствуваше, но беа претставници на Владата и на неговиот Кабинет. Србија утре ќе донесе соодветна одлука, денеска таа одлука ќе биде испратена до сите нас, министрите од регионот.

Се потврди дека одлуката нема да важи за договорените количини пченица, потребни за нашата мелничка индустрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот. Се испрати повторно порака на смиреност, дека имаме доволно залихи, 45.000 тони пченица, над 10.000 тони пченка, околу 9.000 тони јачмен.

Добивме уверување од Србија дека ќе се грижат за снабдување со неопходните продукти, пченица и останати житни култури за целиот регион, одлуката нема да важи за земјите од регионот, нагласи Николовски.

Во врска со извозот во Русија и Украина, тој повтори дека на него отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава.

– Ги правиме сите анализи, утврдуваме кои се бројките и производите што се извезуваат во Русија и Украина. Се работи за извоз од мал обем, 0,6 отсто во Украина и околу еден процент во Русија од вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи.

Имаме контакти со коморите и со дипломатските претставништва, траат разговорите и верувам дека ќе вродат со плод. Навреме, заедно со сите останати пакети, ќе излеземе со мерки за сите категории земјоделски призводители за да обезбедиме сигурен пласман, истакна министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина го забрани извозот на ‘рж, јачмен, шеќер, месо до крајот на годината

Србија од утре ќе забрани извоз на пченица, пченка, брашно и нафта

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

Редакција

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Редакција

Има само Мерцедес: Каков имот пријавил обвинителот од СЈО, Бурим Рустем, кој треба да сведочи за „Рекет“

Редакција