еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Чекаме информација од Кина за вакцините, парите ги повлековме за да не бидат на странска сметка

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со пристигнувањето на кинеските вакцини одговори дека чека информации од министерство за надворешни работи на Кина.

„Не е добро да стојат пари на странска сметка, но процедурата е во тек. Јас и денеска чекам информација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја, додека не се заврши постапката.

Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина“, истакна Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски вели дека нема „пазар“ околу измените на Кривичниот законик

Редакција

Како странските медиуми ги видоа резултатите од референдумот?

Редакција

Водителката Лила и уште тројца сведоци ќе сведочат за „Рекет“

Редакција