еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Средба Заев-Ципрас: ЕУ да испорача кон Македонија за да се спречат националистичките агенди

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи остварија средба со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на политичката партија Сириза, Алексис Ципрас во Атина, информираат од Владата.

Заев и Ципрас изразиле задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави.

-Денес придобивките од Договорот ги препознаваат и политичките чинители кои од различни причини пред три години имаа сомнежи и неверувања, беше нагласено на средбата.

Лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција, Ципрас ја потенцираше силната поддршка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и порача дека ќе го вложи целиот сопствен капацитет и капацитетот на неговата партија да ја поддржи Северна Македонија во остварувањето на оваа стратешка цел, информираат од Владата.

ЕУ треба да испорача кон земјите како Северна Македонија кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат и со тоа да се оневозможат нови политички засилувања на националистичките и деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа, заклучиле Заев и Ципрас.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 25 припадници на КФОР повредени во судирите во северно Косово

Редакција

Оставка на премиер, повлекува оставка на Влада: Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник

Редакција

Индустриското производство лани намалено за 0,3%

Редакција