еМагазин
Image default
Македонија

Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Премиерот Зоран Заев денеска го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, оценувајќи дека тоа е директен атак врз едно независно регулаторно тело, кое е многу важно за државата, како и сите други државни органи.

– Го осудувам и се надевам дека брзо ќе биде процесуирано со соодветна пријава, рече Заев додавајќи оти верува дека МВР со аргументацијата на доказите ќе преземе соодветни пријави.

Како што информира вчера МВР, во вторникот во 23:54 часот „М.Б. (45) во СВР Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28)“.

Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Муса Џафери не му се извинил на Бислимоски, велат од РКЕ

Бектеши го осуди нападот врз Бислимоски

Османи не се чувствува повикан да коментира за нападот на синот на Муса Џафери врз претседателот на РКЕ, Бислимоски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеснаесетгодишна кавадарчанка позитивна на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 789 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Владата го именуваше Илбер Села за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците

Редакција