еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Груевски ќе биде вратен исто како Санадер

Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија, истакна премиерот Зоран Зав во интервју за емисијата 360 степени на Алсат-М, посочувајќи на примерот со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој откако беше осуден во 2010 година заради корупција избега од Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти.

„Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност пак кој сака нека е во државата, почнувајќи од мене, па кој било друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се поставуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски со Пржинскиот договор, па испадна дека не се договорил. Сѐ што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило“, рече Заев.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Премиерот Заев со киднапирањето и амнестијата му го зема приматот на Груевски во медиумите

Твитер „збесна“ по изјавата на Заев за можното киднапирање на Груевски: „Владата ќе собира пари да го откупи“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите: Денеска се избира нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција

Редакција

Обвинителството формира Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​

Редакција

(Фото) Министерката Шекеринска се ревакцинираше

Редакција