еМагазин
Image default
Македонија

Заев до Османи: Заедно ќе ги утврдиме следните чекори поврзани со Законот за употреба на јазиците

Заедно ќе продолжиме да ги утврдиме следните чекори поврзани со самото законско решение, заради тоа што дефинитивно нема да дозволиме да бидеме наивни никој од нас да отвораме повторно некои работи кои би можеле да не поделат, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на вицепремиерот Бујар Османи околу прифаќањето на измените на Законот за јазици препорачани од Веницијанската комисија.

-Секогаш сме биле конзистетни на изјавите и она што сакам уште еднаш да го реафирмирам во јавноста е дека многу убави работи се случија во последните две и пол години со кои што нашиот народ, сите етнички заедници, различни религиозни групи и секако различни културолошки наследства и сличности, успеа да се обедини во концептот на „Едно општество за сите“.

Од сите тие работи овој Закон беше едната работа која не обедини. Секако, како што рековме и претходно и така понатаму ние дадовме заеднички писма и дописи до Венецијанската комисија, Владата носеше одлуки, Парламентот го усвои претходно законот, додаде премиерот Заев.

На крајот истакна дека на внимателен начин и во иднина ќе се одлучува заради тоа што обединето и заедничко општество носи поквалитетен живот за сите граѓани во државата.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска: Ќе го анализираме мислењето  на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

Османи контра Заев: Секое отворање на Законот за јазици ќе не врати пред 2001 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев нема да бара оставка од Рашковски

Редакција

Сто и дваесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Редакција

Обвинителство поведе истрага за застрелувањето на Ваљон Беља: Три лица приведени, едно во бегство

Редакција