еМагазин
Image default
Македонија

Заев предлага разрешување на двајца министри без ресор

Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил од функцијата.

Заев на местото на Ахмедовски, за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предлага Музафер Бајрам.

На местото на Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, го предлага Елвин Хасан.

Бајрам е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), a Хасан потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова го отвори прашањето за доброволно служење воен рок

Редакција

Шест починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.435

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 16 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.486

Редакција