еМагазин
Image default
Македонија

Заев со поддршка за Мерко, иако ја критикуваше неговата работа

Секаде каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2021, а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска беше во Охрид.

„Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме.

Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти.

Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град,“ рече Заев .

Во врска со кандидатурата на Рамиз Мерко за чија работа лично како премиер имаше забелешки, Заев рече дека после укажаните примедби имало доста промени.

„После моите апели во име на иднината на Охрид, па и на Македонија, имаше доста промени за преземање чекори во насока на потврдување на статусот во УНЕСКО. Во тој момент не бевме задоволни од градоначалникот на Струга, но со задоцнување од седмица, две почна и тој.

Сите пред се мораме да им служиме на граѓаните, некојпат можеби ќе бидеме критикувани затоа што некому тоа не му се допаѓа, но сите знаат тоа е добро за градот и навистина така се постапува,“ рече Заев и додаде дека Мерко ја има поддршката.

„Верувам дека таа природна поддршка ќе го направи победник, а критиките се здрави, добредојдени, низ нив се учиме за да може подобро и поефикасно да се служи на граѓаните. Мерко има обврска да продолжи понатаму да работи на отстранување.

Знаете УНЕСКО ни даде две години период пред нас, да ги средиме работите, тие нема да ни простат. Охрид е и на охриѓани, стружани, на сите нас, тој е светско богатство и нема да ни дозволат да мрднеме ниту сантиметар. Дали тоа е Заев, Коста, Рамиз или било кој, наша обврска и должност пред идните генерации тоа мора да биде така, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

Мерко се откажува од ингеренциите врз Општина Струга и бара Владата да раководи со градот

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.091 заболени од Ковид-19

Редакција

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Пикот на корона вирусот на почеток на мај со 1.100 заразени

Редакција