Премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање во врска со Законот за јазици кој е испратен на Венецијанска комисија одговори дека како и до сега, сите препораки ќе бидат имплементирани за да се отстрани секој сомнеж на граѓаните.
Тој додаде дека до сега секое укажување било вградено и дека со него се дава право кое до сега било забрането.
„Процесот беше блокиран за граѓаните да не дознаат дека не е крај на светот. Со Законот не се повредува правото на другиот. Штом Венецијанската комисија даде препораки, ќе постапиме по нив“, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија: Кои се спорните одредби?
Каракамишева до Османи: Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица
Османи: Додека Каракамишева е во Венецијанска комисија не треба да се праќа Законот за јазици