Премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница, на чиј на дневен ред е изборот на новите министри, изрази уверување дека предложените министри ќе ги продолжат успешните политики во областа на земјоделството, културата, животната средина и во новото Министерство за политички систем.
Осврнувајќи се на биографиите на новите министри, премиерот Заев изрази надеж дека Трајан Димковски со неговото досегашното знаење и искуство ќе ги продолжи отпочнатите политики во земјоделскиот сектор кои даваат резултати со цел да се создаде поконкуретно и попродуктивно земјоделство.
За новиот министер за локална самоуправа Горан Милевски рече дека тој со своето искуство ќе даде придонес во делот на децентрализацијата на власта, а за министерот за култура Хусни Исмаили рече дека иако е лекар, сепак е голем општественик од областа на културата кој ќе има слух за сите слабости што самиот систем досега ги покажал. Во делот на екологијата, Заев изрази уверување дека новиот министер ќе продолжи со борбата против загадувањето на воздухот и регулирање на прашањето со депониите.
Во однос на новото Министерство за политички систем и назначувањето на Садула Даураку за прв човек на ова министерство, Заев рече дека верува оти Дураку сериозно ќе ја презеде одговорноста за градење на едно општество за сите во кое ќе нема поделба на Македонци, Албанци, Турци….
Во својот говор, Заев им се заблагодари на досегашните министри и изрази надеж дека ќе продолжи соработката со нив и во иднина.
Опозицијата повторно ги критикуваше предлозите за нови министри и уште еднаш побара предвремени парламентарни избори. Обвинија дека економските политики не даваат резултати, дека не се преземени мерки против аерозагадувањето и оти постои апатија кај младите во државата.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа
Кој е Хусни Исмаили, новиот министер за култура: Лекар, професор, уредник на книги и радио-драми