еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Во снимките се потврдува дека Чауш имал допир со „бомбите“, кога биле дадени на преведување

Сакам уште еднаш да потврдам дека разговорите докажуваат дека сум бил уверен оти граѓаните на нашата земја ќе поддржат демократски, а не режимски политики, токму тоа и го потврдуваат, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по состанокот со коалициските партнери од коалицијата „Можеме“, коментирајќи ги последните бомби објавени вчера.

Според Заев тоа се докажало и на претседателските и на локалните избори.

– Денеска волјата на народот на изборите е неприкосновена, а не контролирана или штимана како што тоа беше во времето на режимот или „Груевизмот“. Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократските политики за чив предводник се сметав во тоа време, тоа го докажуваат самите разговори, отколку за режимските политики на Мицкоски и Груевски.

На таа тема јас добро знам дека нема сила што може да ги контролира невладините организации и граѓанските активисти, рече Заев и додаде дека тој бил во 17-от ред кога биле сите маршови и протести, а напред биле граѓанските организации.

По моето сфаќање, додаде тој, профилацијата на карактерот на нашите граѓански активисти е специфична, а тоа, како што вели, значи неконтролирачка и секако апсолутно демократска.

– Разговорот потврдува дека бомбите се дадени до Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и никаде освен на СЈО.

Имаше шпекулација за т.н. Чауш, кој е член на СДСМ дека имал разговори, па дека тие се пуштале, таму се потврдува дека возможно е Чауш, кој е Албанец, но и некои други да има допир, но откако биле селектирани од кај мене бомбите дадени за преведување за да можат да бидат објавувани.

Да не заборавиме во тоа време и Никола Груевски и Али Ахмети беа власт, ние бевме опозиција. И наша задача беше за сите владејачки партии за кои имавме индиции за одреден криминал да го објавиме и конечно таму се слуша и мојата јасна определба за рашсистување со криминалците и криминалот.

Не бегам со тоа. До ден денеска сум токму на такви стојалишта и ставови, појасни Заев.

Додаде дека тој разговор уште еднаш покажал кој е карактерот на нивните политики и ставови.

– Затоа дури и искоментирав во функција на тоа дека тоа е афирмативно и на шега кажав дека нашиот шеф на пи-ар Ацко Поповски или Марјан Забрчанец во Владата, кои се први професионално насочени да ги афирмираат нашите политики за борба против криминалот, за заштита на граѓанскиот сектор и правата на граѓаните, за тоа дека принципиелно треба да се одржуваат секојпат работите заради самите разговори, итн.

И навистина мислам дека ваквиот разговор дефинитивно само уште еднаш покажува кој е карактерот на нашите политики и ставови, нагласи лидерот на СДСМ.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Четири “бомби“ и за Заев

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верушевски бараше 71, доби 42 илјади евра отштета од држaвата поради случајот „Пуч“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара пребројување на гласачките ливчиња за да се тргне дамката од изборниот процес

Редакција

За еден ден низ Македонија откриени дури 60 неисправни возила за јавен превоз

Редакција